Влез во центарот на Лондон со автомобил отсега за 12,5 фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија е една од повеќето земји кои последните години активно преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот преку намалување на штетните гасови кои се испуштаат од автомобилите.

По неколкуте германски градови кои парцијално или целосно ги забранија дизел автомобилите од централните градски подрачја и главниот град на Англија, Лондон, воведе слична мерка.

Според мерката која веќе стапи на сила, сите возила со бензински мотор кои се регистрирани пред 2006 година и со дизелски мотор регистрирани пред септември 2015 година ќе мора да платат по 12,5 фунти доколку сакаат да возат во централното градско подрачје.

Со плаќање на овој дневен билет, возилата ќе имаат можност да се движат без проблем во т.н. ULEZ (Ultra Low Emissions Zone) зона.

Иако кај нас сеуште нема ништо од сличната иницијатива, примерот на Лондон најавија дека ќе го следат уште неколку европски градови како Стокхолм, Хелсинки, Амстердам, а бројни други градови подготвуваат слични решенија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK