Владата во вторник решава за субвенциите за плински уреди во возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Една од владините мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот е вградување на плински уред. На годишно ниво околу 1.200 сопственици на возила ќе можат да вградат плински уред во своите возила и за тоа да добијат субвенција од Владата. Во вторник на седница на Влада треба да помине новата програма за субвенции за вградување плински уред во автомобилите.

Според минситерот за економија Крешник Бектеши откако ќе помине програмата ќе се објави во Службен весник и ќе биде објавен огласот за поднесување барања за субвенции.

Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK