Лицата коишто планираат да купат хибридни, електромобили или водородни автомобили имаат субвенција од 10 проценти од вкупната цена од страна на држжавата, а ова е продолжено за уште три години во Кина. Властите одлучија да ја продолжат оваа мерка која заврши на 31 декември, а сè со цел да се намали загаденоста на воздухот.
Во Кина планираат до 2025 година да стигнат до големи бројки на застапеност на електромобилите, а се вели дека целта е тогаш барем 20 проценти од возилата да бидат електрични. Водечка позиција во моментов на пазарот на електрични автомобили заземаат автомобилите на концерност BAIC, но тука се уште неколку концерни како BYD, JAC…
Пазарот во Кина е број 1 во светот, а во минатата година порастор беше од 51,4 проценти односно 700.000 возила. Во делот на „зелените“ автомобили порастот беше на нивото од десет проценти.