Владата ќе продава луксузни автомобили за да им помогне на сиромашните

ОБЈАВЕНО НА:

На аукција ќе се понудати 82 луксузни автомобили запленети од страна на мексиканската полиција, а парите ќе ги инвестира за развој на сиромашните општини. Во понудата за аукција меѓу другото има и Lamborghini Murcielago Roadster од првата генерација, три модели на Porsche, а има и Corvette, Ford Mustang како и неколку модели на Mercedess-Benz.

“Сето тоа е одземено од криминалците, а сега ќе биде дадено на општините, особено на најсиромашните во земјата” изјави претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Очекувањата на мексиканските власти се дека ќе успеат да соберат 1,5 милиони американски долари. Покрај автомобили, на аукција ќе бидат понудени и три луксузни вили, а вкупнаа сума која се очекува да се собере изнесува 7 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK