Влада што мисли на околината: Субвенции и до 6.000 евра за купување електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Владата во Германија донесе одлука за зголемување на субвенциите за купување на електрични автомобили и до 6 илјади евра.

Целта на германската влада е до 2030 година, повеќе од 10 милиони од возилата бидат електрични со што значително ќе се намалат штетните гасови кои ги испуштаат автомобилите.

Со оваа одлука на пример, моделот ID.3 на Volkswagen ќе се продава по цена од 24 илјади евра, наместо сегашните 30 илјади евра.

Германија во моментов е втор најголем пазар на електрични автомобили во Европа. Заклучно октомври, годинава се продадени нешто над 50 илјади електрични возила, а целта е веќе следната година да прерасне во најголем пазар со што ќе се надмине и Норвешка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK