Mitsubishi Motors на 45-то издание на саемот за автомобили во Токио ќе се претстави со нов концепт, наречен e-Evolution. Со промените кои се случуваат кај Mitsubishi Motors во текот на изминатата година, со цел целосно реструктуирање на фабриката и подобро позиционирање во однос на конкуренцијата, претставувањето на саемот за автомобили во Токио се смета за нова пресвртница и најава за успешна иднина со постојан раст на продажбата.
Токму e-Evolution концепт автомобилот, чија светска премиера е закажана на овој саем кон крајот на октомври оваа година, е носител на оваа промена кај Mitsubishi Motors. Овој концепт со дизајн на SUV Coupe, претставува спој на автомобил со високи перформанси со електричен погон на 4 тркала 4WD и технологија на вештачка интелигенција.