Покрај селото Тарасовка во москоската област бил прегазен крокодил од страна на камион. Животното било на патеката и возачот не успеал да го избегне, а од фотографии било забележано дека опашката на крокодилот била целосно смачкана.
Според информациите, невообичаеното животно за руската фауна избегало од циркус, кој до скоро време бил во реонот. Локалните жители не купувале влезници, па карванот си заминал.
Крокодил кој некогаш бил во сопственост на рускиот космонаут Владимир Шаталов во септември нападнал маж од 79 години. Тој ставил рака во кафезот со влекачите, а еден од нив му ја гризнал раката и го држел така десет секунди. Поради ова морало да му биде ампутирана раката до лактот.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]