Приказните дека во Македонија стигнува кршот од Европа кога станува збор за половните автомобили многумина сметаат дека се само мит. Ретко кој ќе ви признае дека имал лоша среќа, па налетал на „изработен и извозен“ автомобил иако има и такви кои токму поради лошото искуство се поддготвени да дадат и повеќе пари и да си купат нов автомобил од салон отколку да се „тресат“ и да стискаат палци да не им се падне „мачка во вреќа“ кога ќе купат возилот на старо.
Авто плацевите се преполни со возила, од цела Европа, од Австрија, Италија, Германија, Холандија, Словенија…. И сите се исправни – „пали вози“.
Приказната е вистинита. Раскажана за она што му се случило на ова македонско семејство. Само поради случајност, и веројатно упорност не купиле половно возило кое наместо во Македонија било планирано за друго место. Нема да ги откриеме ниту сопственикот ниту продавачот што е дел од приказната.
Се почнува од гледање оглас на кој жената речиси се вљубува во мало градско возило кое било иделано за нејзинте потреби. Автомобилто бил најден, на еден скопски авто плац.
„Убава боја, има не многу километри но се помирив со фактот дека ионака не планирам да го возам истиот уште 10 години, и тоа би требало да ми служи за секојдневните обврски за возење од дома до работа, вели нашата соговорничка.
Следува запознавање, гледање и нормално покажување на документите. Објаснувањето на продавачот е дека при транспорт некаде е загубена сервисната книшка, но дека истото е во одлична состојба. Понудува и тест возење. Мала мана е што понекогаш менувачот треба малку поупорно да се уфрли. Гледано од страна, ништо не му фали. И цената пристојна. Дури и добиле попуст зашто сите барале дизел, а ова бил бензинец и плус мало градско возило. Кога се работи за љубов на прв поглед, и кога има некои маани се прогледува низ прсти.
И се е речиси договорено. Но, жената вели, „да размислам уште еднаш“. Додека се договараат таа ги гледа оригиналните документи, и бидејќи зборува италијански го запаметува и името на сосптвеникот од Италија. Случајно или не од Неапол.
„Нешто ми зборуваше дека треба да го контактирам сопственикот. Да ми ја каже неговата приказна, мааните ако ги има и некои совети. Кога се вратив дома седнував на компјутер и почнав со пребарување. Го најдов сопственикот бидејќи тој беше единствен со тоа име од Неапол. Му пишава неколку пораки. Немаше одговор. Тогаш следува прашање дали тој навистина бил сопственикт на такво возило и дали може нешто да и каже за возилото бидејќи сака да го купи, вели скопјанката што ни ја раскажува слушката.
Откако на неколку други пораки Италијанецот на одговара, дури после неколку денови следува одговор. Тој е зачуден како воопшто бил пронајден и зошто го контактира. Откако си размениле податоци околу возилото, и било констатирано дека истото навистина постоело во Италија и е истото што се нуди и во Македонија на авто плац следувал шок.
Неговиот претходен сопственик вели дека е зачуден зошто тоа возило се продава бидејќи тој уште пред повеќе месеци го ОДНЕЛ ВО ОТПАД. Автомобилот бил стар и речиси неупотреблив. Затоа бил однесен на отпад бидејќи требало повеќе за поправка.
Жената откако сфаќа дека за малку ќе била измамена, повторно се јавува онаму каде го гледала возилото сакајќи да им каже дека тие всушност лажеле. Но, уште позачудена била кога и одговориле дека задоцнила бидејќи автомобилот бил веќе продаден. Ја убедувале дека не станува збор за возило од отпад, и дек ај анашле и сервисната книшка. Па ако сакала можеле да и донесат друг автомобил.
Не, благодарам, бил одговорот. И наместо половен автомобил се подновила со друг автомобил, купен од македонски сопственик. Среќа што била љубопитна па ѕиркала во документите кај продавачот и доволно умна да го најде претходниот соственик.
И додека таа не дозволила да биде насамарена, некој друг наседнал. Отпадот сепак се вози, за жал во Македонија!