Холандската компанија Lightyear развива автомобил што се полни со сончева енергија и може да се движи со месеци без притоа да има потреба од полнење. Возилото е наречено Lightyear One.
Според компанијата Lightyear One нема д абиде само прво семејно возило на соларен погон, туку и прво такво со погон на сите тркала.
Досега компанијата примила пет нарачки за овој автомобил чија цена е 119.000 евра. Производството е планирано да почне откако ќе има најмалку 200 нарачки.
Спецификацијата и сите други детали сѐ уште не се објавени.