ВИСТИНА Е: Hyundai Kоna поминува 1026 километри со едно полнење (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Hyundai Motor објавија дека компанијата спроведе интересен тест со три примероци на целосно електрочната KONA Electric, после чие приклучување компанијата пријави рекорд во однос на километражата со единечно полнење на батеријата.

Предизвикот пред трите возачи и нивните електромобили на прв поглед бил да поминат повеќе од 1000 километри. Сличен тип на тестирања за автономија се познати како hypermiling и при нив се прави сè што е можно за да се достигне најголемата можна километража.

После завршуањето на тестот со трите претставници на KONA Electic биле отчитани резултати од соодветно – 1018,7, 1024,1 и 1026 километри. На база електромобилната батерија (64 kWh) интегрирана во внатрешноста соодветните индикатори за потрошувачката на енергија беа 6,28; 6,25; и 6,24 kWh/100 километри.

За време на тестот, екипите не користеа климатизација и мултимедиски систем на автомобилите, а средната брзина на движење на трите автомобили беше меѓу 29 и 31 км/ч.

Од Hyundai споделуваат дека за време на тестирањето, показателите на борд системот во однос на преостанатата автономија биле исклучително точни и безбедни, како што се актуелизирани во реално време во зависност од стилот на управување.

При достигнувањето на 0% полнење, електромобилите го задржаа погонот во продолжение на уште неколку стотици метри, продолжија по инерција, а потоа застанаа со автоматско активирање на сопирачката за паркирање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK