Vision RS вистинска ѕвезда на Skoda на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно најпривлечен автомобил на штандот на Skoda во Париз е концептот Vision RS кој претендира да биде наследник на Skoda Rapid.

Покрај Kodiaq RS, Skoda Vision RS го дава спортскиот шмек на штандот на чешкиот производител како никогаш претходно. Навикнати на “обични” автомобили, Skoda со овој модел навистина поентираше кај сите оние со спортски гени, а овој хечбек дефинитивно дека е и повеќе од конкуренција за VW Golf и Ford Focus.

Со спортски и стилски надворешен дизајн, не многу различен од дизајнерскиот јазик применет кај сите автомобили од Volkswagen Групацијата, овој модел значително ќе ги промени работите во својот сегмент, а Skoda дефинитивно цели кон зграпчување на што е можно поголем пазарен колач.

Овој концепт се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X кој претходно неколку пати беше најавуван. Должината изнесува 4.356 мм, висината 1.431 мм, додека ширината 1.810 мм.
Со меѓуоскино растојание од 2.650 мм, во поглед на пространоста таа е на ниво како и кај останатите конкуренти, а со багажен простор од 430 литри обезбедува за 15 литри повеќе отколку кај Rapid Spaceback.

Бензискиот 1.5 литарскиот TSI мотор кој доаѓа во комбинација со електричен мотор ќе продуцира излезна сила од 241 КС. Ова е доволно за до 100 км/ч да забрзува за 7.1 секунда, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 210 км/ч. Електричниот погон користи 13 kWh литиумско-јонска батерија која може во целост да биде наполнета за 2.5 часа, а максималниот досег кој може да го постигне на овој погон изнесува 70 км.

Со овој концепт чешкиот производител ги најавува идните RS модели што Skoda планира да ги пласира на пазарот. Во 70-те години на минатиот век чешкиот производител лансираше два спортски модели со назнака 180RS и 200RS, па искористувајќи го овој историски момент, сака повторно да го оживее спортскиот дух кај своите автомобили.

Засега нема информација дали и кога овој концепт би влегол во сериско производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK