VinFast станува сериозен играч – уште еден нов концепт

ОБЈАВЕНО НА:

Пред две години VinFast презентираше два нови концепти кои во меѓувреме се комерцијализирани. Станува збор за првиот виетнамски производител на автомобили чиј дизајни на првите два автомобили се дело на Italdesign Giugiaro.

Сега, по две години оваа компанија претстави концепт од нов кросовер кој засега нема име, а ќе биде достапен со традиционални и електрични мотори.

Засега нема никакви информации освен тоа што изгледот е веќе патентиран. Земајќи го во предвид фактот дека останатите два модели Lux A2.0 и Lux AS2.0 се базираат на технологијата на BMW, се очекува и овој концепт исто така да ја има оваа технологија. Некои медиуми пишуваат и дека електричната верзија ќе располага со LG батерии, а премиерата ќе се одржи кон крајот на годината.

VinFast crossover

Инаку брендот VinFast е во сопственост VinGroup корпорацијата која е во 100% виетнамска сопственост. Производствените капацитети интензивно се градат во северниот град Хаи Фонг, а оваа фабрика ќе биде најголемата фабрика за автомобили во овој дел од светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK