VinFast со нов модел – VF e34 со гаранција од 10 години!

ОБЈАВЕНО НА:

VinFast е првиот производител на автомобили кој доаѓа од Виетнам. Во претходните две години претстави неколку модели, а последниот во низата е електричниот VF e34.

Овој автомобил е веќе достапен за нарачки за купувачите од Виетнам и околните земји. Засега нема информација за тоа дали VinFast конечно ќе се одлучи да го експортира својот автомобил на европско тло. Доколку се случи тоа тогаш ова ќе биде првиот автомобил кој во Европа би се продавал со гаранција од 10 години.

Што се однесува до самиот автомобил, истиот е со должина од 4.300 мм, широчина 1.793 мм, висина 1.613 мм, и меѓуоскино растојание од 2.611 mm. Клиренсот изнесува 180 mm, а во стандардната опрем доаѓа со 18 инчни тркала.

VinFast VF e34

Доаѓа со електромотор од 110 kW односно 150 КС. Со едно полнење, виетнамскиот производител објави дека овој автомобил може да помине околу 300 км. Тежината изнесува 1.490 кг и има погон на предните тркала.

Во стандардната опрема доаѓа со бројни системи и технологии за безбедност и сигурност. Тука покрај паркинг сензорите се и системот за предупредување при напуштање на сообраќајна лента, сензор за надгледувње на мртов агол, заднаа камера, автоматско вклучување на долги светли, седиште и управувач со греење…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK