Сезонава настапи само на два тркачки викенди во ТЦР Европа, а Виктор Давидовски од ПСС Рејсинг тимот двапати беше во освојувачите на бодови, трипати стигна на целта, еднаш беше дури и на подиумот и само поради технички проблем на возилото на неколку кругови пред целта беа причина да не освои и таму бодови. Но, во време на пандемија, ограничувања во движењата особено за македонските граѓани Давидовски успеа да покаже високо возачко ниво.
Откако на првата трка заврши на 18 место, после речиси два часа подготовка повторно седна во автомобилот на Honda. И сега беше меѓу оние што освоија бодови.
Виктор Давидовски имаше уште едно сигурно возење и освојување на 11 бода откако го освои 10. место на трката во Шпанија на патеката Харама. На крајот од сезоната тој собра 24 бода..
Вториот возач на PSSRacing Team , Аргентинецот Франко Гиролами кој возеше на Харама се пласираше на 8 место и двете возила освоија бодови. Ова е првпат македонскиот тим да има две возила и двете да освојат бодови.
Давидовски втората трка на Харама ја почна од 15 позиција и полека од круг во круг одеше место погоре. Во 15. круг стигна до 10 позиција и таму остана до крајот. За разлика од првата трка сега безбедносното возила само еднаш беше на патеката по излетувањето на Мајк Халдер кој е најголем губитник овој викенд. Дојде како лидер со најголеми шаси за титулата, а на двете трки не освои ниту едне бод.
Шампион сезонава е Меди Бенани од Мароко.
TCR Europe: Давидовски извозе трка до крај – Гиролами го удрија за откажување
Квалификации на Харама: Давидовски трнува од 10 ред на трка каде се решава за TCR Europe шампионот