Виктор Давидовски со одлично возење до нови бодови и Топ-4 на Норисринг

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот возач Виктор Давидовски повторно беше во Топ-4 возачите и на втората трка на Норисринг како дел од првенството на TCR Europe. Со одлично возење во текот на целата трка, од осмото место македонскиот возач кој вози за Comtoyou Racing стигна до четвртото, и долго време беше зад Шпанецот Калејас. Успеа да го престигне на последниот свиок пред целта и да освои нови 27 бода со кои ќе се искачи уште повисоко во генералнио тпласман.

Победник на трката беше Франко Џиролами, клупскиот колега на Давидовски кој трката ј апочна од третото место, но веќе по првиот круг беше второпласиран, а од десеттиот круг и лидер. Потоа о дкруг во круг го зголемуваше водството, оставајќи ги другите зад себе.

Трката почна со безбедносно возило уште во вториот круг, а Давидовски во првиот круг загуби две места, но кога безбедносното возило беше на патеката тој беше на осмото место.
Во седмиот круг Давидовски се искачи место повисоко, а во 11 круг веќе беше на 6. место. Четири круга подоцна Македонецот беше веќе петти и тогаш почна „бркањето“ на тројката пред него. Очигледно беше дека Давидовски е побрз на свиоците, но „купрата“ на Калејас имаше повеќе сила на правите делови на патеката.

Шансата да стигне место повисокот Давидовски ја чекаше, и успеа да го престигне Шпанецот во последниот свиок пред целта.

Тимот на Comtoyou Racing останува лидер во конкуренција на екипи, а Џиролами лидер кај возачите со 275 бода.
Следната трка се вози повторно во Германија, овојпата на Нирбургринг на 26 и 28 август.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK