Викендов се вози Twingo Cup: Рекорден број возачи на Ред Бул Ринг во Австрија

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај деветтемина Македонци кои ќе возат, има и возачи од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија

Познатата патека Ред Бул Ринг во Австрија каде се возат и трки од Формула 1, викендов ќе биде домаќин на втората трка од првенството на Twingo Cup. Рекорден број возачи се пријавија за настап – 34 возачи, што е најмногу досега.

Покрај деветтемина Македонци кои ќе возат, има и возачи од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија. Покрај за Twingo Cup истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството, и за националните првенства на Словенија и на Македонија.

Првата трка е планирано да се вози во сабота од 19,30 часот, а втората во недела од 10,55 часот. Македонските возачи за Австрија патуваат во „полн состав“ вклучувајќи ги и Владимир Трнески и Давид Малинковски, кои победија во првенството на Македонија на двете трки што се возеа во Унгарија на почетокот на април.

Покрај во Унгарија сезонава ќе се возат трки и на патеките Ред Бул Ринг во Австрија, на Гробник во Хрватска, кај Брно во Чешка, на Серез, Грција и на Монца Италија.

Актуелен првак во Twingo Cup за 2021 година е Давид Малинковски кој лани освои 122 бода и победи на четири од вкупно осум трки, а шестпати беше на пиедесталот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK