Виетнамскиот производител на возила VinFast продолжува со своите инвестиции и годинава.
Фактот што Виетнам не беше многу погоден од коронавирусот најдобро го искористи овој производител кој покрај тоа што ги продолжи инвестициите во производствените погони и развојот на нови модели ја купи и патеката за тестирање на General Motors.
Станува збор за патека која се наоѓа во близина на градот Ланг Ланг, а која беше во сопственост на австралискиот бренд Holden кој пак е во сопственост на GM. Се простира на 872 хектари и располага со патеки со земјена и асвалтна површина.
Купопродажната вредност не е позната, но со овој потег VinFast ги покажува своите амбиции за освојување на глобалниот пазар.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]