Виетнамскиот производител VinFast ги претстави своите модели

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на саемот за автомобили во Париз кој почнува на 4. октомври каде своето деби ќе го има VinFast, новосоздадениот виетнамски производител на автомобили VinFast премиерно ги претстави своите два модели.

Станува збор за SUV и седан автомобил кои делат иста платформа како и дизајнерска филозофија која се огледа во предните LED светла кои по работ на хаубата се движат хоризонтално кон надворешната страна. Идентична е и предната маска како и браниците на предниот и заден дел. Голема сличност има и во внатрешноста.

Интересно е што во изборот на дизајнот учествуваа самите граѓани на Виетнам кои имаа можност да избираат помеѓу 20те дизајнерски скици кои беа изработени од четири италијански дизајнерски студија. На изборот победи диајнерското студио ItalDesign, но за развој беше избрана Pininfarina.

И покрај тоа што VinFast ги претстави двата модели, остануваат енигма техничките карактеристики со кои ќе располагаат, цената по која ќе се продаваат и датумот кога ќе се започне со продажба.

https://youtu.be/R5RtEXWSOug

Инаку брендот VinFast е во сопственост VinGroup корпорацијата која е во 100% виетнамска опственост. Производството на овие два модели се очекува да започне кон крајот на следната година, а во моментов компанијата во северниот град Хаи Фонг интензивно ја гради првата фабрика која ќе биде најголемата фабрика за автомобили во овој дел од светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK