На саемот за автомобили кој до 14 октомври се одржува во Париз својата светска, саемска премиера ја имаше првиот виетнамски производител на автомобили VinFast. Иако од претходно беше обелоденет изгледот на двата модели, на овој саем беа претставени имињата на овие два модели.
Седансиот модел ќе го носи називот LUX A2.0 додека SUV моделот ќе го носи називот LUX SA2.0. Називот LUX има за задача да го означи луксузниот односно премиум квалитетот на моделите додека буквата А ги означува високите стандарди кој се исполнети со производстовото на овие автомобили. Суфиксот 2.0 го означува капацитетот на агрегатот. Оттука може да се заклучи дека именувањето е идентично како и кај BMW моделите.
И двата модели делат иста платформа како и дизајнерска филозофија. Интересно е што во изборот на дизајнот учествуваа самите граѓани на Виетнам кои имаа можност да избираат помеѓу 20-те дизајнерски скици кои беа изработени од четири италијански дизајнерски студија. На изборот победи дизајнерското студио ItalDesign, но за развој беше избран Pininfarina.
Инаку брендот VinFast е во сопственост VinGroup корпорацијата која е во 100% виетнамска опственост. Производството на овие два модели се очекува да започне кон крајот на следната година, а во моментов компанијата во северниот град Хаи Фонг интензивно ја гради првата фабрика која ќе биде најголемата фабрика за автомобили во овој дел од светот.
Според информациите објавени од производителот, сериското производство и продажба ќе започне во текот на септември следната година во Виетнам, а во пресрет на почетокот на продажбата ќе биде позната и почетната цена за основните модели.