Вие се движите, а Travelmate Robotics куферот ве следи во чекор

ОБЈАВЕНО НА:

Екипата на Travelmate Robotics направи одлична работа и измисли куфер кој се движи самиот и го следи својот сопственик во чекор. Куферот има вграден GPS, батерија која можат да ја полнат други урди, а има и убав изглед.

Под привлечниот надворешен изглед се крие вистинско технолошко чудо. Има голем број на сензори кои на Travelmate му помагаат да се движи и во мешаница, ги препознава пречките и се снаоѓа и во комплексни ситуации. Може дури да ги препознае едноставните гестикулации и гласовни наредби.

Покрај тоа има вградена вага како секогаш би знаеле колку точно работи носите, а GPS уредот ќе се погрижи дури и кога авио-фирмата со која сте патувале ќе ви каже дека е изгубен да можете да го пронајдете.

Куферот во три големи (како би можел да ги задоволи потребите на сите видови патници), а со него се управува со помош на паметен телефон и апликации.

Во Travelmate Robotics истакнуваат дека ова не е обичен куфер туку вистински персонален роботски асистент кој се грижи вашите работи да стигнат среќно до посакуваната дестинација. Дури и ако имате само еден Travelmate, тој може да се погрижи другите обични куфери да пристигна среќно на целта. Само притоа треба да бидат поврзани..

Travelmate може да се порача по цена од 1000 до 1500 долари зависно од големината. Иако цената е „солена“, Travelmate предизвика таков интерес што доколку денеска го нарачате својот куфер ќе мора да чекате најмалку три месеци за да го добиете.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK