сабота, 25 декември, 2025 година

Вие лошо паркирате – пајакот во Центар си дига возила!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Иако постојано се објавува бројката на подигнати и казнети возила поради погрешко паркирање во општина Центар продолжува трендот и навиките на возачите да не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. И бројката на подигнати возила останува троцифрена и последниве недели над 300.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во изминатите седум дена санкционираа 326 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Advertisement -

Минатата недела бројката на подигнати воизла била 317 и тој тренд на зголемување на прекршоците продолжува.

Во периодот од 14.10. до 20.10.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 154 непрописно паркирани возила, од кои три (3) несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја