Еден од најпопуларните YouTube канали од сферата на автомобилизмот, AutoTopNL објави видео од забрзувањето на Aston Martin Vantage.
По неколкуте ултра брзи автомобили кои беа презентирани од страна на овој канал, на ред дојде и најбрзиот Aston Martin. Во нешто повеќе од едно минутното видео возачот на AutoTopNL успева да ја постигне максималната брзина од 298 км/ч.
Инаку овој модел користи twin-turbo 4.0 V8 мотор, кој е развиен во германскиот AMG. Моторот е со иста сила како и оној во Aston Martin DB 11 (510 коњски сили), додека максималниот број на вртежи е 685 Nm. Според фабричките податоци, автомобилот развива од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди додека максималната брзина е 313 km/h.