Иранскиот научник Аладин Касеми го претстави својот нов изум, автомобил за кој вели дека работи со помош на вода.
Наводно, автомобилот со 60 литри вода може да мине до 900 километри за 10 часа. Моќта се генерира на тој начин што водородот и кислородот произведуваат хемиска реакција и создаваат енергија која го движи автомобилот.
Со еден литар на вода се добиаат 96 мегаџули енергија, додека о деден литар бензин се добиваат 20 мегаџули енергија. Според Касеми, мотор произведува само водена пареа и со тоа воопшто не го загадува воздухот.