Прочуеното американско „пони“ својот почеток го има уште во 1964 година кога тргнува една убава историја. Тоа е кабриолет варијантата, а колата првпат е покажана на саемот во Њујорк.
После ова се појавува и варијанта на Керол Шелби, под називот Shelby GT350, а стекнува огромна популарност особено поради големиот број на учества во филмовите, што е причина да има уште поголема побарувачка.
Во 1974 година е произведен Mustang со моќност од едвај 105 коњски сили што го руши статутот на „мускулест“ автомобил, додека преродбата на моделот се случи во 90-тите години на имнатиот век со шест нови поколенија и десетина модификации.