Уште една возбудлива адреналинска трка – тјуниран VW Golf 3 против McLaren 570S. Иако на прв поглед победникот е повеќе од сигурен јасен, сепак видеото поставено на YouTube покажува нешто друго.
Тјунираната и стара Golf тројка на крајот во експлозивно издание успеа да го победи противникот. Само за илустрација, McLaren 570S располага со 3.8 литарски V8 мотор кој продуцира 562 КС, а до 100 км/ч. забрзува за само 3.2 секунди.
Овој фамозен Британец потклекна пред предизвикот наречен Golf III кој има нешто послаб мотор и покрај тоа што McLaren се покажа одличен во трките со Dodge Challenger SRT Demon кој пак располага со 840 КС.
Дали причината за ова е тоа што возачот на МcLaren го потцени противникот или имаше проблеми при стартот или едноставно Golf III е неприкосновен, проценете сами од видеото.