Брзинските споредби помеѓу мотоцикли и спортски возила се ретки, па оттука секогаш предизвикуваат голем интерес.
Доказ за тоа е видеото кое го подготви CarWow, а кое на YouTube за само неколку денови е прегледано повеќе од 1,5 милион пати.
Во видеото Ducati Panigale V4R на стартната позиција започнува против BMW M5 Competition и Nissan GT-R.
Иако италијанскиот мотоцикл располага со 221 КС наспроти BMW-то кое располага со 800 КС и GT-R-от со 1.600 КС, тој воопшто не се предава. Тоа може да го погледнете на видеото во продожение каде може да погледнете и кој прв ја минува целната линија.