Во затворена воена ракетна база во Летонија нема ништо освен напуштени згради и коров по асфалтот.
За трите возачи, Рајан Туерк, Кристап Блус и Мат Пауер тоа значеше слобода во искажување на своите возачко-дрифтерски способности.
На располагање имаа три возила
800 КС – Supercharged V8 BMW E92 M3
950 КС – Supercharged V8 BMW E46 M3
Тwin turbo V8 Nissan 350Z
Видеото е снимано по повод 10-годишнината на HGK Motorsport, фирма која подготвува возила за дрифт трки.