Многумина мисли дека рендгенот и CT скенирањето се користaт само во болници, но вистината е дека истите можат да послужат и во други цели, на пример во автомобилската индустрија.
Еден од оние што ги користи е и Seat, кој покажува во ова видео како техничарите го анализираа тркалото и различни делови што треба да се искористат за вградување во автомобилот.
Освен што треба да знаат како да работат со авто деловите, техничарите мора да знаат и како да раководат со машината што вообичаено не се наоѓа во ваквите фабрики, и да имаат и специјална дозвола, издадена од Нуклеарниот безбедносен совет.