Koenigsegg собра огромна сума на пари иако прозведе само 80 примероци од автомобилот Regera. Секој од нив чинеше по 1,6 милиони евра што секако донесе одлична заработувачка. Астрономската цена дефинитивно не ги спречи Швеѓаните од Koenigsegg да го направат она што најмногу го сакаат, а тоа е краш тест.
Бруталниот тест веќе е достапен и за јавноста, а првото видео се појави на Инстаграм. Од Koenigsegg тоа го направија за да им се заблагодарат на своите фанови.
Тестовите коишто ги прават од Koenigsegg помагаа при тешките сообраќајни несреќи да има што е можно помалку повредени. Доказ за безбедноста е и овој тест на Koenigsegg Regera така што автомобилот вреди за сите пари.
При тестирањето автомобилот е удиран напред, назад, странично, од горе, моќни удари со чекан по хауба… а на крајот не е ниту изгребан. После вакво нешто „нормален“ автомобил би бил целосно уништен или сериозно оштетен, но не и овој хиперавтомобил во чија конструкција не се штедело нималку на карбонски влакна.