Нема ништо чудно во насловот, освен што тоа е постигнато на автопат во Германија.
Со оглед на тоа што нема ограничување на брзината на магистралите во Германија ова беше тест за најекстремната верзија на Porsche 911 и тоа со модификацијата GT2 RS.
Според она што може да се види во видеото стои дека според GPS, максималната брзина била 342 километри на час. Официјално како што е заведено при производството, брзината која новото Porsche 911 GT2 RS може да ја достигне е максимални 340 км/ч.
За достигнување на оваа брзина на автомобилот му биле потребни 58 секунди.