За сите оние кои сакаат адреналин, MotorTrend ја организираше најголемата и најмоќната драг трка во историјата. Локацијата е ареодромот на воената база Ванденберг, а актерите се 12 супер спортски автомобили.
McLaren 720S, Porsche 911 GT2 RS, Dodge Challenger RT Scat Pack 1320, Honda Civic Type R, Lamborghini Huracán Performante, BMW M5, Ford Mustang GT Performance Pack Level 2, Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, Kia Stinger GT, Audi TT RS, Chevrolet Corvette ZR1 и Aston Martin Vantage б беа автомобилите кои беа дел од оваа трка.
Победникот кој може да го откриете на видеото погоре ја заврши трката за само 10.1 секундди пред Porsche 911 GT2 RS кој ја заврши трката за само 10.3 секунди, а на третата позиција се најде Lamborghini Huracan со време од 10.4 секунди.