Видео најава за новиот Golf VIII

ОБЈАВЕНО НА:

Популарниот германски авто магазин AutoBild објави видео преку кое ја најавува новата, осма генерација на популарниот Golf.

Иако се уште нема официјална потврда за екстериерот, според видеото, дизајнот нема да подлежи на големи промени. Најголемата промена се забележува на предниот дел каде има нов дизајн на предните фарови.

Промена има и кај задните стоп светла кој наликуваат на оние на Tiguan. Во внатрешноста доминира голем екран, налик на оној употребен кај најновите модели на Audi, a сите команди ќе се задаваат преку екранот осетлив на допир.

Според неофицијални информации, новиот модел ќе се појави на почетокот на следната година, ќе биде полесен за 50 кг, а како и кај својот претходник така и тука во понудате ќе бидат достапни бројни мотори вкучително и хибридна изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK