Ако Skoda се тркаше со стрела, Lamborghini со авион, тогаш McLaren Senna за противник одбра Формула 1 болид.
Во нешто повеќе од 10 минутното видео кое е објавено на YouTube, овие два актери силите ги одмеруваат на легендарната патека во италијанскиот град Монца.
Како сето тоа изгледаше можете да проверите на видеото.
Инаку Senna е најмоќниот автомобил некогаш произведен од страна на британскиот производител. Автомобилот е со тежина од само 1198 килограми.
McLaren Senna е најлесниот и екстремен автомобил на брендот, кој има право да се движи слободно по патиштата низ светот. Ќе има четири литарски V8 мотор, кој е со моќност од 800 коњски сили и максимален вртежен момент од 800 Нм.