Сите нови автомобили имаат вградено борд компјутери кои покажуваат многу параметри кај возилото. Еден од тие параметри е и нивото на гориво во возилото, и уште колку километри (милји) можете да возите пред автомобилот целосно да застане, односно кога е крајно време да ставите гориво.
Вообичаено е меѓу 70 и 100 км. до целосно испразнување да добиете и звучен и светлосен сигнал дека горивото е на критично ниво и дека треба да ја посетите бензинската станица.
Но, производителите секогаш оставаат „резерва“, па вистинската должина на патување со „празен“ резервоар е поинаква.
Погледнете во видеото колку навистина може да се вози кога на борд компјутерот ќе се појави дека имате уште некој километар за возење.
Се разбира немојте ова да го правите и вие со своето возило. Подобро е да танкирате гориво кога за тоа ќе добиете сигнал од борд компјутерот.