Ретко гледаме брзински споредби на луксузни автомобили, особено на такви каде една од улогите припаѓа на Maybach. Но, екипата на carwow се погрижи да направи токму една таква споредба односно драг трка.
Главните улоги паѓаат на BMW 760Li и Maybach. Претставникот на BMW е опремен со 6,0 литарски twin-turbo V12 мотор со 545 КС додека Maybach под хаубата располага со 5,5 литарски twin-turbo V12 мотор со 551 КС и 900 Nm обртни моменти.
Кој прв ќе стигне до целта погледнете на видеото во продолжението.