Екипата на AutoTopNL во своето најново видео објавено на нивниот YouTube канал ги вкрстува Porsche 992 Turbo S и Porsche 911 GT2 RS.
Првиот автомобил на пазарот дебитираше оваа година. Располага со 3,7 литарски twin-turbo бензински мотор чија максимална моќност изнесува 641 КС. Вториот датира уште од 2010 година и располага со турбобензински мотор кој продуцира 612 КС.
Одговорот на прашањето “Кој побрзо забрзува?” можете да го видете во видеото во продолжение од кое не изостанува и одличниот адреналински звук.