Се случува да бидете нападнати од некое диво животно, и најчесто се споменуваат мечки или акули. Но, што доколку на патот ви се појави разгневен бик? А притоа се обидува да се пресмета и со СУВ возилото во кое се наоѓате.
Во тие неколку секонди кога сте „лице в лице“ со дивото и налутено животно, реагирате сакајќи да се спасите. Трчате, се обидувате да се скриете, или пак едноставно чекате да видите што ќе се случи.
Во овој случај неможете да избегате, и ви останува додека седите во возилото да видите кој е посилен, бикот или СУВ-то во кое сте. Но, ова е само дел од ситуацијата, и нема информација што се случило пред и после оваа реакција на бикот.