Човек без претходно механичко искуство го исполни својот детски сон да го создаде неговиот автомобил од соништата. Инспирација добил од магазините што ги читал додека бил млад. Мозес Нгобени ова го направил со своите раце.
Електро инженерот од Гијани, Јужна Африка потрошил три години во правењето на деценискиот сон. Користел делови од различни други автомобили, и тоа го чинело околу 12.500 долари.
Интересно е на пример што шофершајбната е земана од VW Caddy, страничните стакла се од Mazda 323 и BMW M3, a светлата од Audi TT од 2011 година, и Nissan GT-R од 2015 година.
Автомобилот има и далечинско палењ преку мобилен телефон, и активно крило што автоматски се отвора при нагло сопирање.