Група на селани успеаја да повлечат со јаже камион кој се лизнал по стрмниот насип и едвај не потонал во реката во кинеската Анхуи покраината, соопштува “Женмин жибао”. Возачот на камионот не успеал да го задрќи камионот кој се излизгал и отишол во водата
Кога пристигнале на местото пожарникари процениле дека патот е премногу тесен и нема место да се користи специјализирана спасувачка техника без ризик самата таа да се падна кај камионот во водата. Тогаш локален жител притрчал до блиското село и ги викна на помош селаните.
Мажите врзале две јажиња за предниот дел од камионот и почнале да го влечат нагоре по 20-метарскиот насип. За 10 минути камионот бил вратена назад на патот над реката, а волонтерите добиле цигари со кои возачот ги почастил во знак на благодарност.