Германскиот производител Porsche објави интересно видео на кое прикажува како ги тестира можностите на Macan.
Тестот се спроведе во Јужна Африка на неколку видови терени, а доминираше тестирањето на патеки без асфалт и на надморска височина до 3.400 метри.
Новата генерација на Macan ќе има многу малку модифициран екстериер, и мали измени во ентериерот каде ќе има нова инструментална табла.
Моќноста демонстрирана во две минутното видео произлегува од новиот мотор кој ќе постигне до 440 коњски сили.