Првите автомобили кои се појавиле уште на почетокот на 20 век предизвикале хаос во движењето со оглед на тоа што ова бил нов момент за луѓето. Без уредна сигнализација, сообраќајни знаци и место кој каде треба да се движи секој учесник во сообраќајот се движел по свое и тоа предизвикувало огромен хаос.
Автомобилите го делеле просторот со примитивните трамваи, количките и запрежните коли, а пешаците се движеле по свое убедување и буквално секој му пресекувал пат на секого.
Малата брзина која автомобилите можеле да ја развиваат била причина за малкуте сообраќајни инциденти, но затоа може да се види како луѓето се однесувале во тој мал сообраќаен хаос во едно од видеата кои постојат од 1906 година.