Јапонскиот производител Honda има понудено голем број на модели, но Civic е еден од најважните, кој своето прво појавување го имаше уште во 1973 година. Оттогаш Honda Civic бележи големи успеси на пазарот.
Корисниците најчесто го бараат овој автомобил поради тоа што има добра функционалност, високо ниво на квалитет и трајност, како и спортски карактеристики.
Се произведуваше како купе, лимузина, хечбек, па дури и како кабриолет во изведба на CR-X/del Sol.
Анимацијата која може да се погледне носи приказ на развојот на хечбек верзијата во минатите 44 години. Првиот располагаше со 50 коњски сили, додека актуелната Honda Cicic Type-R има дури 310 коњски сили. И тежината на основниот модел е двојно поголема за околу 700 килограми.