На сред улица во центарот на Бостон (САД) се запали Lamborghini Huracan Performante. Како што може да се види од видеата снимани од неколку очевидци, а поставени на YouTube, автомобилот се запалил во задниот дел, каде што се наоѓа моторот.
Веднаш по првиот пламен повикана е противпоажарна екипа која за кратко успеа да го локализира пошарот, без при тоа во целост да биде зафатен автомобилот односно да се предизвика поголема материјална штета.
Со цел да го утврди изворот на пожарот, а исто така и во целост да го надминат ризикот од повторна појава, пожарникарите беа приморани да го “исечат” задниот дел од автомобилот.
Инаку ова е втор случај автомобил од овој италијански бренд да се запали во САД годинава. Претходно модел на Lamborghini се запали на една бензинска станица додека сопственикот точеше гориво.