Компанијата Tokio Four Link Systems е на пат да го направи она за коешто многумина сонуваа и досега делуваше како проект кој би можел да се оствари некогаш во иднината. По примерот на филмот „Трансформери“ креиран е електромобил кој е наречене Earth-1. Проектантите биле воодушевени од цртаниот филм Mobile Suit Gundam. Покрај тоа при правењето на автомобилот успеале да го привлечат и режисерот Кунјо Окавара, кој работел како дел од дизајнерскиот тим на автомобилот.
Ова е само потврда дека Јапонија и понатаму ја одржува девизата дека е „земја на иднината“ и со своите проекти останува на нивото на фантастика при производсџтво на автомобилите.
Димензиите на колата се подесуваат со џоестик. Со оглед на тоа што автоиндустријата не познава ваква техника морало механизмот да се развива од нула. Цената е доста „солена“, а почената е 70.000 долари. И покрај тоа компанијата веќе има голем број на порачки и од Јапонија и од другите земји.
Автомобилот може да го менува својот облик, а тоа најдобро се гледа во видеото подолу така што оправдано на името на возилотот е додадено и името на најпознатиот трансформер OPTIMUS PRIME.