По промовирањето на новиот мал СУВ на Jaguar наречен E-Pace веднаш беше поставен Гинисов рекод во однос на прескокнување и превртување на продуциско возило.
Професионалниот каскадер Тери Грант во најновиот модел успеа да прескокне 15,3 метри и притоа да направи превртување за 270 степени на возилото и повторно истото да се прилепи за површината на тркала.
Погледнете како помина целиот потфат. Jaguar E-Pace е основниот модел во понудата на СУВ возила на компанијата. Цената во САД на моделот ќе биде 38.600 долари, а во В.британија околу 28.000 фунти.