Возилото Hyundai i30 N се претвора во еден од најкоментираните спортски автомобили откако беше промовиран пред нешто помалку од една година.
Изработен е со основна идеја да ја предложи најдобрата можна комбинација на спортските патишта, со можност за натпреварувачко возење на писта, како и за секојдневна употреба. За време на создавањето на i30 N од компанијата имаат насочено многу големо внимание на однесувањето на автомобилот особено на возењето во свиоците со голема брзина. Тоа била една од трите основни точки за време на изработувањето на возилото во целост.
Како што може да се види подолу во видеото, i30 N се одликува не само во свиоците, туку и на правите делови со или без активирањето на системот за оптимално тргнување од место и со деактивирани системи за стабилизација.
Погледнете што се случува кога Hyundai i30 N ќе застане веднаш до легендарниот Volkswagen Golf GTI на писта.
i30 N располага со дволитарски турбо мотор со максимална моќност од 250 коњски сили (275 коњски сили со пакет Performance), додека возачот ќе има можност да бира меѓу пет основни режими за патничко однесување. Највозбудливото и целосно уживање се ветува од специјалниот N-режим, кај кој ќе дејствува активниот издувен систем. Покрај тоа ќе се добие значително поспортско звучење.
Hyundai i30 N Performance Package е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 6.1 секунди (6.4 секунди), додека максималната брзина на движење ќе е 250 км/ч.