Во желба да бидат во центарот на вниманието на луѓето им доаѓаат различни идеи, но некои идеи се дефинитивно оригинални. Една таква идеја презентираше фризерката од Италија, Марија Лучија Муњо, која го украси својот автомобил Fiat 500. Нејзиното фиќо носи џемпер и има човечка коса.
На фризерката од Италија не и беше доволно што набави седишта од јамболија, па и целиот автомобил го посвети на својата професија. Има дури 100 килограми човечка коса и тоа не само однадвор туку и внатре.
Користела исклучиво женска коса, а целата работа траела преку 150 часа и ја чинело околу 80.000 евра. Вложениот труд на крајот се исплател бидејќи овој Fiat 500 се најде во Гинисовата книга на рекорди.