Иако се појави во 2011 година, моделот Aventador е произведуван во повеќе од осум основни моделски изведби и седум специјални.
Овој репрезентативен модел е дело на Филипо Перини и Митја Боркерт, а во целост развиен и произведуван во Сант Агата Болоњезе (Италија).
Првата моделска изведба располага со 690 КС, а според техничките спецификации, максималната брзина која може да ја постигне изнесува 350 km/ч.
Целосната еволуција низ последните осум години можете да ја погледнете на видеото во продолжение.