Досега приматот за брзи возила беше резервиран за оние со мотори со внатрешно согорување, но со развојот на техниката големи брзини постигнуваат и возилата што се на друг погон. Во април годинава електричниот Lucid Air prototype разви брзина од 217 милји на час. Сега истото возило успеа да постави нов рекорд, од 235 милји на час, односно 379 км/ч. рекордот е постигнат на развојниот транспортен центар во Охајо.
Новиот рекорд е постигнат откако Lucid Motors го отстрани софтверот што ја ограничува брзината, и истовремено беше направено подобрување на софтверот за воздушната суспензија.
Овојпат Lucid Air prototype на рамно возеше многу побрзо, а истовремено возилото било стабилно во свиоците и на рамните делови од патеката, а и немало проблем со електричниот мотор.
Ова не е финална верзија на Lucid Air а од компанијата тврдат дека возилото ќе има повеќе од 1.000 КС комбинирани од два електро мотори, кои би оделе заедно со стандардна 100 kWh батерија, или 130kWh батерија.