(Видео): Електричниот Tesla X е побрз од Lamborghini Aventador SV

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила сѐ уште не се доволно брзи во споредба со оние со конвенционален мотор. Но, тоа не важи и за моделите на Tesla. Тие го покажуваат спротивното дека се кадарни да с еносат и си некои супер брзи автомобили.

Тесла X P100D го победи спортскиот автомобил Lamborghini Aventador SV на трката во четвртина милја (околу 400 метри).

На патеката во Палм Бич, на Флорида, САД, електричниот автомобил триумфираше пред италијанскиот суперавтомобил, победувајќи го за 0,05 секунди. Така, Тесла постави светски брзински рекорд за во овој вид трки.

Тесла ја предводеше трката рано, а ова се должи на брзото забрзување на автомобилот, што значително го оддалечи од Lamborghini.
Пред самиот финиш италијанскиот спортски автомобил речиси го престигна неговиот ривал и веднаш по преминувањето на финишот продолжи, но беше предоцна.

Моделот Tesla X P100D чини 165.000 долари, во споредба со 530.000 долари за Lamborghini Aventador SV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK